| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Моментално зборувате со Бог

Златан Ибрахимовиќ е единствениот фудбалер што го знаат и по знаењето на теренот и по однесувањето надвор од него.

Често е арогантен, некогаш некултурен, а знае и да се пошегува, но знае и да влезе во проблеми.

Со оглед дека овој пат се спореди со Бог, не ја исклучуваме веројатноста дека некоја верска организација ќе му замери за тоа. Иако тој само сакаше да се пошегува.

Шведскиот репрезентативец ова го кажа во интервју за каналот ТВ „4“.

– Кој ќе победи во баражот?

Ибра: Тоа го знае само Бог.

– Тешко дека ќе можеме да го прашаме него!

Ибра: Моментално зборите со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top