Турската влада, според весникот, се обидува да го зголеми притисокот за продолжување на преговорите за пристапување во ЕУ и се заканува со преориентација на земјата кој исток. Ваквата констатација е донесена од интервју на турскиот премиер во кое тој открива дека рускиот претседател Владимир Путин веќе го замолил неговата земја да стане дел на шангајската организација за соработка.
– Тогаш на ЕУ би и рекле – збогум, рекол Ердоган.
Ако Турција ги прекине напорите за прием во европското друштво тоа би било стратешка преориентација со значителни последици, пишува весникот.
Ердоган тврди дека Турција со години се задржува пред вратите на ЕУ затоа што е муслиманска земја, а поради застојот, тој како одговорно лице за 75 милиони Турци е должен да размислува за алтернативи.
Според турскиот премиер, организацијата Шангај пет, во која Турција од минатата година е „партнер во дијалог“ е подобра и помоќна од ЕУ. Сепак, неговите блиски соработници тврдат дека Ердоган не сака да го прекине процесот на пристапување во европското семејство, туку само дека е фрустриран од застојот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.