| четврток, 6 декември 2018 |

Катна гаража најдобро архитектонско дело во Скопје

Новата катна гаража на улицата „Св. Кирил и Методиј“ и булеварот „Македонија“ доби награда за најдобро архитектонско дело на годинешнава манифестација „Арихтектура на град Скопје“, што се одржа вчера во Музеј на град Скопје.

Признанието за посебен придонес во архитектурата на Скопје за 2013 година го освоија авторите Никола Велковски и Светлана Јончевска, за станбено-деловен објект на улицата „Владимир Назор“ бр. 26.

Признанија добија и авторите Данчо Јовановски и Дана Јовановска за комерцијалниот објект „Оливер и Оливер“, како и авторите на станбено-деловниот објект „Боними“.

За годинешната манифестација беа пријавени и селектирани 27 архитектонски трудови од 13 автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top