Министерот за економија, Ваљон Сарачини, во интервју за МИА, проценува дека ако до крај се реализираат веќе најавените и прелиминарно договараните инвестиции, до крајот на годинава странските директни инвестиции ќе достигнат од 200 до 250 милиони евра.
– Напорите на Владата вложуваат со плод. Во првите осум месеци од годинава во Република Македонија влегле 153 милиони евра, што е за 53 милиони евра повеќе од цела 2012 година. Веќе следната година се очекува заживување на светската, а во тие рамки и на европската економија. Нашите очекувања се дека во текот на 2014 година би можеле да имаме уште поголем прилив на странски инвестиции, посочува Сарачини.
Околу ТИРЗ Тетово, Сарачини посочува дека со поставувањето на камен-темелникот на зоната Тетово се означил почетокот на реализацијата на овој комплексен проект, прв во државата по моделот на јавно-приватно партнерство. Во однос на хидроцентралите Сарачини посочува дека резултатите во напредокот со изградбата на малите хидроцентрали во Македонија се веќе видливи.
-Досега потпишавме вкупно 66 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали, чиј вкупен инсталиран капацитет изнесува 60 мегавати, со очекувано годишно производство од 230 гигават часови електрична енергија. Проценетата инвестиција се движи од 100 до 120 милиони евра. Најважното, со малите хидроцентрали се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија што е во согласност со политиките на Владата за промовирање на инвестиции во чиста енергија, додава Сарачини.
За тендерите Стогово, Тајмиште, Иловица Сарачини вели дека известициите се значајни не само за регионите туку и за цела држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции
-
Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри