Ако до крај се реализираат веќе најавените и прелиминарно договараните инвестиции од одредени инвеститори, може да се очекува дека до крајот на годинава странските директни инвестиции ќе достигнат од 200 до 250 милиони евра, истакнува министерот за економија, Ваљон Сарачини, во интервју за МИА.
– Напорите на Владата вложуваат со плод. Во првите осум месеци од годинава во Република Македонија влегле 153 милиони евра, што е за 53 милиони евра повеќе од цела 2012 година. Веќе следната година се очекува заживување на светската, а во тие рамки и на европската економија. Нашите очекувања се дека во текот на 2014 година би можеле да имаме уште поголем прилив на странски инвестиции – посочува Сарачини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.