| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Анкетите не навестуваат промени

izbori-45

Ко­му­ни­ка­ци­ски­те цен­три на пар­ти­и­те ра­бо­тат со пол­на па­реа. Дел од нив јав­но, дел по­лу­јав­но го опи­пу­ва­ат пул­сот на гра­ѓа­ни­те. Спо­ред соз­на­ни­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“, во пос­лед­ни­ве три­е­се­ти­на де­на во зем­ја­ва се спро­ве­ду­ва­ат нај­мал­ку три ан­ке­ти по на­рач­ка на по­ли­тич­ки­те пар­тии. Дел од нив ќе би­дат об­ја­ве­ни, дел се за вна­треш­ни це­ли, пред сѐ за да им по­мог­нат на пар­ти­и­те да ја на­со­чат сво­ја­та ра­бо­та и да опре­де­лат на што да се фо­ку­си­ра­ат при обра­ќа­ње­то до јав­но­ста.

Спо­ред спо­ред­бе­на­та ана­ли­за на дел од овие истра­жу­ва­ња, ВМРО-ДПМНЕ има ста­бил­на под­др­шка од 420.000 до 450.000 гла­са­чи, ка­ко што е слу­чај во це­ли­от пер­и­од од 2008 го­ди­на до 2013 го­ди­на. Ан­ке­ти­те по­ка­жу­ва­ат де­ка оваа до­вер­ба се дол­жи на кон­ти­ну­и­те­тот во ра­бо­те­ње­то и во про­мо­ци­ја­та при што се ко­ри­стат си­те ре­сур­си што се на рас­по­ла­га­ње, јас­ни­те по­ли­тич­ки ста­во­ви за глав­ни­те по­ли­тич­ки и еко­ном­ски пра­ша­ња, од­нос­но на та­ка­на­ре­че­на­та „пер­ма­нент­на кам­па­ња“, ко­ја се спро­ве­ду­ва од по­че­то­кот на вла­де­е­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 го­ди­на. Очиг­лед­но е де­ка про­дол­жу­ва да функ­ци­о­ни­ра ко­ри­сте­ње­то на мо­ди­фи­ку­ва­ни­от прин­цип на пре­зен­та­ции и на про­мо­ции, а кој пар­ти­ја­та на власт го про­ме­ни во „нај­а­ви што ќе на­пра­виш, ка­жи што ра­бо­тиш и об­ја­ви што си на­пра­вил“.

Спо­ред ана­ли­за­та, бро­јот на гла­со­ви­те што ќе за­вр­шат на кон­то­то на СДСМ, по осво­е­ни­от ма­кси­мум од 360.000 гла­со­ви на из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на, ко­га зад се­бе ја има­ше про­па­ганд­на­та под­др­шка од то­гаш моќ­на­та ТВ „А1“, по­втор­но е на­ма­лен и ва­ри­ра од 280.000 до 310.000. Ова, и спо­ред дла­бин­ски­те ан­ке­ти и спо­ред дел од струч­ња­ци­те што ги ра­бо­тат истра­жу­ва­ња­та, пред сѐ, се дол­жи на не­до­стиг од ја­сен про­грам­ски кон­цепт и од ви­зи­ја, кои тре­ба да им ги прет­ста­ват на по­тен­ци­јал­ни­те гла­са­чи, ка­ко и на сти­хиј­ност во ра­бо­те­ње­то и на не­до­из­гра­де­на по­ли­тич­ка по­ну­да. По­ле на кое тре­ба да ра­бо­ти опо­зи­ци­ја­та е да се по­пра­ви не­со­од­вет­но­то ко­ри­сте­ње на по­тен­ци­ја­ли­те за пре­не­су­ва­ње на по­ра­ки­те до крај­ни­от гла­сач и, по­не­ко­гаш, ло­шо спа­ку­ва­на­та по­ра­ка.

(Целата анализа може да ја прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 15 ноември)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top