| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордни 15 илјади луѓе ги гледаа Лазаров и Барселона во Минск

Кирил Лазаров уживаше во прекрасната атмосфера во Минск пред рекордни 15.320 навивачи на Динамо, а македонскиот репрезентативец со 6 гола потврди дека е светска ракометна класа. Барселона победи со 35-25, а за утеха на домаќините е податокот дека поставија рекорд сезонава според посетата на еден ракометен меч во Лигата на шампионите.

Рекордот тешко ќе биде урнат, барем до завршниот турнир во Келн, кој се организира во јуни во арената „Ланксес“, која има капацитет од 20 илјади места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top