Во петтото коло од групата Ц во Лигата на шампионите во ракомет, Барселона победи во Минск против домашната екипа на Динамо со 25-35 (15-16).
Со оваа победа Барселона е сигурен патник во осминафиналето од ова натпреварување и не дозволи повторно изненадување кога се работи за натпревари на гостински терен.
Во првиот дел Барселона се мачеше со противникот и на паузата отиде со само еден гол предност (15-16).
Во второто полувреме „каталонците“ влегоа поангажирано во одбраната и со серија од шест голови направи предност која до крајот на наптреварот успеа да ја зголеми на десет.
Интересно во овој дуел е што браќата Рутенка настапија меѓу себе. Ова е втор братски дуел по оној на Лазарови од Вардар и Барселона.
Во ова коло во Скопје се игра дербито меѓу Металруг и Вардар кој се игра вечерва во 20.00 часот во СЦ Борис Трајковски.
ПСЖ му гостува на Тун и се очекува сигурна победа на супер богатиот клуб од Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



