| четврток, 6 декември 2018 |

Паркинзите во Дебар Маало поскапеа

ЈП „Паркинзи“- Центар одлучи Дебар маало да влезе во зоната 1 за паркирање, наместо како што досега беше во зона 2.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на ваквата одлука, поставувајќи прашање зошто е донесена оваа одлука и зошто одборот на претпријатието се одлучи граѓаните од Дебар маало да плаќаат повеќе пари за паркинг.

Тие прашаа зошто граѓаните од овој дел од Центар не се третираат исто како оние кои живеат во Капиштец, каде се уште важи зона 2 за паркирање.

Директорот одговори дека жителите на Дебар маало имаат повластени карти кои важат во зоните 1 и 2. Сепак, во зона 1 билетите за паркинг се поскапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top