| четврток, 6 декември 2018 |

Турските пратенички ќе можат да носат пантолони на работа

Турскиот парламент ја укина забраната пратеничките во парламентарните клупи да носат пантaлoни.  Ова ново ублажување на досега наметнатиот кодекс на облекување на пратеничките им беше одобрено синоќа на предлог на исламистичко-конзервативната Партија на правдата и развојот-АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Оваа одлука следеше откако пратеничките добија дозвола да носат муслиманска шамија додека ја извршуваат својата функција.

Сафак Павеј, пратеничка на Републиканската народна партија, главната опозициска партија, во текот на дебатата за носењето шамија, го привлече вниманието на своите колеги со укажување на забраната за носсење пантaлони за жените. Павеј, која носи протеза затоа што веќе не може да ја користи едната нога, побара промена на прописот со кој на пратеничките им се наметнува носење здолниште, но тоа барање тогаш и беше одбиено.

Четири пратенички на АКП, на крајот на октомври, се појавија со шамии во парламентот, што беше првиот ваков чекор од 1999 година во Турција, земја со секуларна традиција. Пратеничките на овој начин истакнаа дека забраната за носење шамија претстува кршење на верските слободи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top