| четврток, 6 декември 2018 |

Нова тепачка во турскиот парламент

Во турскиот Парламент синоќа повторно дојде до тепачка меѓу приврзаниците и противниците на контроверзниот предлог-закон за безбедност, со кој се предвидува зголемување на овластувањата на полицијата при претреси и апсења, пренесува МИА.

Во очекување на дебатата по тој закон, си разменија тупаници припадниците на владејачката партија и опозицијата, при што еден опозициски пратеник падна по скалите.

Сликата беше реприза на онаа од ноќта на вторникот кон средата, кога петмина пратеници беа повредени во тепачката околу истиот закон, од кои двајца се здобија со повреди на главата.

Пред најновата тепачка во Парламентот, претставниците на опозицијата изнесуваа барања кои немале поврзаност со дневниот ред во траење од цели три часа, настојувајќи да го одложат почетокот на дебатата, пишува весникот „Хуриет“ во денешното електронско издание.

Турската опозиција стравува дека овој закон би можел да доведе до создавање полициска држава, под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top