| четврток, 6 декември 2018 |

Почина водачот на легендарниот ансамбл „Билјана“

Kuzman Pop StefanijaПо краткотрајно боледување, денеска во Охрид почина Кузман Поп Стефанија водачот на охридскиот ансамбл на староградски песни „Билјана“.

Поп Стефанија (77) беше член на сите состави на ансамблот уште од неговото формирање пред повеќе од пет децении. Под негово водство, како хармоникаш и главен аранжер, ансамблот сними повеќе од 300 старогратски песни од Охридско и од други краишта на Македонија.

Нивните плочи, издавани за загрепски „Југотон“ доживуваа платинести тиражи и реизданија, и ја популаризираа традиционалната македонска музика во сите краишта на поранешна Југославија. Покрај активното музицирање, ансамблот „Билјана“ откри, документира, и за првпат објави многу староградски песни, дотогаш непознати, денес нашироко познати меѓу љубителите на традиционалната музика.

Посмртните останки на Кузман Поп Стефанија ќе бидат изложени утре од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top