| четврток, 6 декември 2018 |

Парите го вртат фудбалот – гигантите заглавија во канџите на обложувалниците

Коц­ка­та е фр­ле­на ве­ли ста­ра­та ла­тин­ска фра­за, а со неа од­лич­но се отс­ли­ку­ва опас­на­та офан­зи­ва на об­ло­жу­вал­ни­ци­те и нив­ни­от очиг­ле­ден про­дор во фуд­бал­ски­те клу­бо­ви. Тоа ста­на тренд, од кој не­ма вра­ќа­ње на­зад. Оку­па­ци­ја­та е сѐ по­за­си­ле­на, па пра­ша­ње­то е да­ли не­о­бич­на­та „љу­бов“ ме­ѓу клу­бо­ви­те и об­ло­жу­вал­ни­ци­те е со­се­ма ле­гал­на.

„Бет 365“, „Па­ди Па­у­ер“, „188БЕТ“, „Бвин“ и уште мно­гу дру­ги об­ло­жу­вал­ни­ци се спон­зо­ри на фуд­бал­ски­те клу­бо­ви, го­лем дел од нив и на ре­но­ми­ра­ни­те ги­ган­ти од ка­ли­ба­рот на Ре­ал Ма­дрид, Ју­вен­тус, Ми­лан, Ман­че­стер ју­нај­тед, Ар­се­нал, Ба­ерн Мин­хен….

 

Ре­ал Ма­дрид про­тив Ми­лан, дер­би под ка­па­та на УЕ­ФА, но и на „Бвин“

Дер­би во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те пред две се­зо­ни во рам­ки­те на гру­па­та Г беа ду­е­ли­те ме­ѓу Ре­ал Ма­дрид и Ми­лан. Игра­ат два ги­ган­ти што оста­ви­ле дла­бо­ка тра­га во исто­ри­ја­та на фуд­бал­ска­та игра, но на те­ре­нот, ба­рем спо­ред дре­со­ви­те, ме­ѓу­се­бе играа чле­но­ви на ед­но исто се­мејс­тво. Об­ло­жу­вал­ни­ца­та „Бвин“ ги обе­ди­ну­ва ги­ган­ти­те со ло­го­то на дре­со­ви­те во бе­ла бо­ја, ко­ја е ка­ра­кте­ри­сти­ка на „крал­ски­от клуб“ од Ма­дрид, и тие во цр­ве­но-цр­на бо­ја, што се за­шти­тен знак на Ми­лан. Иста об­ло­жу­вал­ни­ца ги спон­зо­ри­ра­ше два­та ри­ва­ли, што е чу­ден ре­дос­лед на на­ста­ни­те. Има ли ту­ка про­стор за ма­ни­пу­ла­ции, за евен­ту­ал­ни не­фуд­бал­ски ра­бо­ти. УЕ­ФА ор­га­ни­зи­ра, „Бвин“ спон­зо­ри­ра, клу­бо­ви­те игра­ат на те­ре­нот, а об­ло­жу­ва­чи­те стра­да­ат. Ба­рем та­ка ве­лат лу­ѓе­то што ги по­се­ту­ва­ат об­ло­жу­вал­ни­ци­те и тро­шат огром­ни су­ми за об­ло­жу­ва­ње на фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри.

– Фуд­ба­лот и клу­бо­ви­те се во кан­џи­те на агре­сив­ни­те об­ло­жу­вал­ни­ци и за­тоа сѐ по­че­сто има чуд­ни, ду­ри и не­ве­ро­јат­ни ре­зул­та­ти на фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри. До­го­во­рот ме­ѓу нај­го­ле­ми­те клу­бо­ви и об­ло­жу­вал­ни­ци­те, спо­ред си­те нор­ми, би тре­ба­ло да би­де за­бра­нет. Ва­ка се­ко­гаш е мож­но да се на­ме­сти ре­зул­тат во ко­рист на об­ло­жу­вал­ни­ци­те, од­нос­но на спон­зо­ри­те на ти­мо­ви­те, а на ште­та на тие што се об­ло­жу­ва­ат на фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри. Ту­ка тре­ба остро да ре­а­ги­ра­ат ФИ­ФА и УЕ­ФА, но, очиг­лед­но, тие се не­моќ­ни или не са­ка­ат да ги санк­ци­о­ни­ра­ат клу­бо­ви­те – ве­ли еден од па­си­о­ни­ра­ни­те об­ло­жу­ва­чи во ма­ке­дон­ски­те об­ло­жу­вал­ни­ци.

Двата гиганти моментно имаат нов спонзор, а и Реал и Милан на дресовите го имаат логото на „Флај Емирејтс“.

Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, поз­на­то­то мо­то на свет­ски ре­но­ми­ра­ни­те ку­ќи е де­ка об­ло­жу­ва­ње­то е џентл­мен­ски од­нос на две стра­ни – ор­га­ни­за­то­ри­те и об­ло­жу­ва­чи­те. Но­ви­от тренд на спон­зо­ри­ра­ње на фуд­бал­ски­те клу­бо­ви ги ста­ва об­ло­жу­вал­ни­ци­те во су­пе­ри­ор­на по­зи­ци­ја во од­нос на тие што ги тро­шат па­ри­те кај нив. Можат ли да се контролираат и резултатите на фудбалските натпревари на релација обложувалница – клуб? Особено ако се партнери, или имаат спонзорски договор.

stoke

Ре­зи­лот е го­лем, но љу­бо­вта про­дол­жу­ва во зат­скри­е­на фор­ма

Ре­зи­лот е го­лем, при­ти­со­кот врз клу­бо­ви­те, но и кон ФИ­ФА и кон УЕ­ФА по­сто­ја­но рас­те, па се­га во по­мал­ку очиг­лед­на фор­ма про­дол­жи љу­бо­вта ме­ѓу фуд­бал­ски­те клу­бо­ви и об­ло­жу­вал­ни­ци­те. По­ве­ќе­то еки­пи што на дре­со­ви­те ги но­сеа ло­го­а­та на об­ло­жу­вал­ни­ци­те ја про­ме­ни­ја та­кти­ка­та. По­втор­но има­ат до­го­вор со парт­не­ри­те, но на дре­со­ви­те го не­ма­ат нив­но­то ло­го. Сра­мот бе­ше очиг­ле­ден, те­о­рет­ски и ФИ­ФА, и УЕ­ФА, и клу­бо­ви­те, и фуд­бал­ски­те фе­де­ра­ции во­дат би­тка про­тив ме­стен­ки­те, а, од дру­га стра­на, еки­пи­те но­сат дре­со­ви со ими­ња на об­ло­жу­вал­ни­ци. Не­о­држ­ли­ва си­ту­а­ци­ја. Се бо­ри­те про­тив зло­то што го про­мо­ви­ра­ат клу­бо­ви­те на сво­и­те дре­со­ви и рек­лам­ни кам­па­њи. За­тоа „Бет клик“ си за­ми­на од Ју­вен­тус, „Бвин“ го не­ма на дре­со­ви­те на Ре­ал Ма­дрид и на Ми­лан, „188 БЕТ“ не игра во Се­вил­ја…

Но, да не­ма ди­ле­ми, моќ­ни­те ком­па­нии што ор­га­ни­зи­ра­ат об­ло­жу­вач­ки игри оста­наа во клу­бо­ви­те ка­ко парт­не­ри. Во Пре­ми­ерли­га­та, ко­ја е нај­а­тра­ктив­на, ба­рем спо­ред ин­те­ре­сот на об­ло­жу­вал­ни­ци­те за спон­зорс­тво, се­кој клуб си има свој об­ло­жу­вач­ки парт­нер. И тоа, што е уште по­ин­те­рес­но, го­лем дел од еки­пи­те има­ат по­себ­ни спон­зо­ри од Анг­ли­ја и посебни на гло­бал­но ни­во, пре­теж­но од Ази­ја.

Ар­се­нал има до­го­вор со „Па­ди Па­у­ер“ ка­ко ре­но­ми­ра­на об­ло­жу­вал­ни­ца на бри­тан­ски­от остров и со ази­ски­от парт­нер „Бо­дог“. Ли­вер­пул игра со „Па­ди Па­у­ер“ и со „188БЕТ“. Ман­че­стер ју­нај­тед го има за парт­нер „Бвин“, а од Ази­ја ве­ро­јат­но до­пр­ва ќе дој­де за­ин­те­ре­си­ра­на об­ло­жу­вал­ни­ца за до­го­вор со „цр­ве­ни­те ѓа­во­ли“.

padipauer

А, само Сто­ук, Астон Ви­ла и Фу­лам од си­те анг­ли­ски пре­ми­ер­ли­га­ши си ги рек­ла­ми­ра­ат сво­и­те спон­зо­ри од све­тот на об­ло­жу­ва­ње­то на дре­со­ви­те. Сто­ук има до­го­вор со „Бет365“, ти­мот од Бир­мин­гам игра со „Да­фа­бет“, а Фу­лам на дре­со­ви­те го има ло­го­то на „Ма­ра­тон­бет“.

– Фуд­ба­лот и об­ло­жу­ва­ње­то се ка­ко ма­ка­ро­ни и си­ре­ње. Тоа се­ко­гаш оди за­ед­но, а раз­бир­ли­во е што об­ло­жу­вал­ни­ци­те се за­ин­те­ре­си­ра­ни за да се при­сут­ни во клу­бо­ви­те. Ако са­ка­ат да зграп­чат што по­го­лем дел од об­ло­жу­вач­ка­та ма­са, јас­но е де­ка им тре­ба парт­нерс­тво со ре­но­ми­ра­ни­те еки­пи – ве­ли во сво­ја­та ана­ли­за спорт­ски­от ана­ли­ти­чар Кел­вин Ејр.

 

Азиј­ци­те во комп­лет­на офан­зи­ва на ста­ри­от кон­ти­нент

На­ја­гре­си­вен про­дор во европ­ски­те клу­бо­ви, и тоа со­се­ма оче­ку­ва­но, има­ат ази­ски­те об­ло­жу­вал­ни­ци. Па­ри­те се тро­шат не­ми­ло­срд­но, са­мо за да се стиг­не до шан­са да се спон­зо­ри­ра­ат ги­ган­ти­те од ста­ри­от кон­ти­нент. Ази­ски­от па­зар е огро­мен, кон­ти­нен­тот има најм­но­гу жи­те­ли и при­род­но е да има огро­мен број об­ло­жу­ва­чи. И ту­ка мар­ке­тин­шки об­ло­жу­вал­ни­ци­те игра­ат мно­гу му­дро. Се склу­чу­ва­ат до­го­во­ри со анг­ли­ски­те клу­бо­ви кои се ек­стрем­но по­пу­лар­ни во Ази­ја, се пла­ќа­ат ми­ли­он­ски су­ми за не­кол­ку­го­диш­ни до­го­во­ри, а обр­тот и про­фи­тот по­сто­ја­но рас­тат. Ду­ри има и по­вра­тен ефект, па анг­ли­ски­те ти­мо­ви сѐ по­че­сто ан­га­жи­ра­ат фуд­ба­ле­ри од Ази­ја за да го кре­нат ин­те­ре­сот на огром­ни­от и мош­не при­мам­лив па­зар.

– И анг­ли­ски­те клу­бо­ви игра­ат мош­не му­дро. Сѐ по­че­сто се ан­га­жи­ра­ат фуд­ба­ле­ри од Ази­ја, во не­кои слу­чаи ду­ри и ква­ли­те­тот на игра­чот е не­ва­жен. Мар­ке­тин­гот, осво­ју­ва­ње­то на па­за­рот и ин­те­ре­сот се пред сѐ. Ко­га има­те Ази­ец во ти­мот или во по­ши­ро­ки­от со­став, то­гаш рас­те и гле­да­но­ста на пре­но­си­те, се зго­ле­му­ва це­на­та на ТВ-пра­ва­та, а со тоа клу­бо­ви­те се сѐ по­ин­те­рес­ни и за об­ло­жу­вал­ни­ци­те. И тие гле­да­ат шан­са да се рек­ла­ми­ра­ат на на­ста­ни што прив­ле­ку­ва­ат ми­ли­он­ска пуб­ли­ка. Тоа се вр­за­ни са­до­ви што функ­ци­о­ни­ра­ат од­лич­но – пи­шу­ва Кел­вин Ејр во сво­ја­та ста­ти­ја по­све­те­на на об­ло­жу­ва­ње­то.

По­че­то­ци­те беа во 2009 го­ди­на ко­га об­ло­жу­вал­ни­ца­та „188БЕТ“ пла­ти 650 ил­ја­ди фун­ти за рек­ла­ма на дре­со­ви­те на Ви­ган, од­нос­но 750 ил­ја­ди фун­ти за ист до­го­вор со Бол­тон. Се­га це­ни­те се мно­гу по­ви­со­ки. Ар­се­нал до­би 10 ми­ли­о­ни фун­ти од „Бо­дог“ за три се­зо­ни, и тоа во до­го­вор кој не ги об­вр­зу­ва да го но­сат ло­го­то на ази­ска­та об­ло­жу­вал­ни­ца на дре­со­ви­те. Од „Бо­дог“ зна­ат де­ка тоа мо­же да им до­не­се ми­ли­о­ни на­ви­ва­чи на Ар­се­нал од Ази­ја на нив­ни­те веб- сај­то­ви за об­ло­жу­ва­ње, па до­го­во­рот изг­ле­да со­вр­ше­но пра­кти­чен и про­фи­та­би­лен. На ист ефект се на­де­ва­ат и од „Па­ди Па­у­ер“, од­нос­но се на­де­ва­ат де­ка Ар­се­нал ќе им ја до­не­се ир­ска­та ар­ми­ја об­ло­жу­ва­чи од раз­ни кон­ти­нен­ти.

farnboro

Об­ло­жу­вач­ки трик – во Фарн­бо­ро игра­ат Зи­дан, Пе­ле, Ма­ра­до­на и Ме­си

Од­ли­чен об­ло­жу­вач­ки трик на­пра­ви об­ло­жу­вал­ни­ца­та „Па­ди Па­у­ер“ во до­го­вор со ни­ско­ли­га­шот Фарн­бо­ро. Го пре­зе­доа комп­лет­но­то фи­нан­си­ра­ње на клу­бот, го пре­и­ме­ну­ваа ста­ди­о­нот во „Па­ди Па­у­ер парк“, а па­тем и ги убе­ди­ја игра­чи­те да ги но­сат пре­зи­ми­ња­та на поз­на­ти­те фуд­ба­ле­ри Зи­дан, Пе­ле, Ма­ра­до­на, Ме­си…. Тоа на­и­де на потс­мев во ме­ди­у­ми­те во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, се­ка­ко и кај по­го­ле­ми­от дел од јав­но­ста, но на мар­ке­тин­шки план цел­та се ос­тва­ру­ва. Три­кот е ин­те­ре­сен и прив­ле­ку­ва сѐ по­ве­ќе об­ло­жу­ва­чи на шал­те­ри­те и веб- стра­ни­ца­та на „Па­ди Па­у­ер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top