| четврток, 6 декември 2018 |

Клуни: Сандра ми се јавува пијана секоја ноќ

Веќе подолго време се шпекулира дали пријателството меѓу славната актерска двојка Сандра Булок и Џорџ Клуни е право пријателство или, пак, станува збор за обострани симпатии.

Тие двајца често говорат по медиумите еден за друг, а сега Клуни реши да ѝ одговори на Сандра на нејзината изјава дека тој не ѝ е привлечен. На доделувањето на наградите „Бафта“ тој се пошегува на нејзина сметка.

– Слушнав дека рекла дека не сум привличен, но вистината е тотално поинаква. Ми се јавува пијана секоја ноќ и ме прашува дали има нешто ново кај мене. Тоа веќе трае со години, а единствениот начин да ме пушти да спијам е да ѝ пратам едно шише текила – рече на шега Клуни.

Инаку, Сандра и Џорџ се пријатели 25 години, а на прашањето зошто тие не се заедно, глумецот во една пригода рече дека главната причина е тоа што Сандра се забавува со неговиот најдобар пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top