| четврток, 6 декември 2018 |

20 години „Виталиа“ – успешниот семеен бизнис кој ја донесе здравата храна во Македонија

Идејата, првпат да почнеме со производство на здрава храна во Македонија, мојот татко ни ја соопшти на еден сеемен ручек, вака Искра Ветаџокоска-Муцунска, управител и косопственик на „Виталиа“ се потсети на почетоците на една од најуспешните македонски компании.

Менаџментот на „Виталиа“, компанија за здрава храна, вчеравечер, во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот, го прослави својот 20. роденден.

vitaliija-0

Во пријатен амбиент во ресторанот „Ден и ноќ“, со повеќе од 150 гости и со присуство на целиот тим, компанијата „Виталиа“, која е лидер на пазарот за здрава храна, ја прослави својата јубилејна годишнина. На прославата беа промовирани сите проекти на компанијата, новите производни линии, успеси, саемски претставувања, општествено одговорни кампањи, како и награди и признанија.

vitaliija-000

–  Да се работи 20 години со визија за лидерство во производството на здрава храна и исполнување на таа визија е голем успех. 20 години ги препознаваме потребите на потрошувачите и успешно ги реалзираме во финален производ, создавајќи здрава храна за секого и за сечиј дом. Во овие 20 години бевме присутни на сите саемски случувања, ги следевме новитетите во прехранбената технологија и ги применивме кај нас. И сето тоа со цел да понудиме квалитетен здрав и вкусен производ со додадена вредност за нашите конзументи. Во овие 20 години ја негувавме хуманоста, помагаме, донираме, едуцираме, впрочем тоа ги исполнува нашите срца и дополнително нѐ мотивира да продожиме со нашата благородна мисија – со здрав храна да создаваме здрави генерации – додава Искра Ветаџокоска-Муцунска.

vitaliija-2

Додека траеше прославата на компанијата во истовреме, Град Скопје ги доделуваше признанијата за 2012 година, за престижната награда „13 Ноември“, а компанијата „Виталиа“ се закити со една од нив. Наградата беше доделена за проектот „5-ка за здрава храна – проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил за здрави идни генерации“. Со оваа награда „Виталиа“ се потврди како општествено одговорна компанија со јасна стратегија за унапредување и вложување во заедницата.

vitaliija-9

 

Корпоративната прослава е само дел од роденденската кампања на компанијата на „Виталиа“, која до крајот на месцот ќе организира уште неколку изненадувања за своите потрошувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top