| четврток, 6 декември 2018 |

На жените во Париз конечно им е дозволено да носат панталони

Законот донесен пред 200 години, кој им забранува на жените во Париз да носат панталони, конечно е отповикан.

paris-woman_2469661b
На 31 јануари, Најат Белкацен, француска министерка за правата на жените, направи официјално да не може да се уапси една жена за носење панталони во францускиот главен град.

Согласно законот, жените треба да побараат од полицијата специјална дозвола за да се “облечат како мажи” во Париз, или ризикуваат да бидат земени во притвор.

Во 1892 и 1909 година правило беше изменето за да им овозможи на жените да носат панталони во случај „ ако жената вози велосипед или, пак, јава коњ.”

Законот беше чуван на страна, делумно поради тоа што на официјалните претставници не им беше приоритет, но и поради француската „правна археологија.”

Ален Хауперт, сенатор и член на конзервативната партија УМП, упати барање до министерката Блекацем да се укине законот,  оти „може да му наштети на модерниот сензибилит.”

Министерката се согласи, а во изјава на 31 јануари напиша: “Ова уредба е во согласност со принципите на еднаквост помеѓу жените и мажите, кои се наведени во Уставот и во европските обврски на Франција. Од таа некомпатибилност следи  укинување на уредбата”, информира министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top