| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана ќе настапува на „Евровизија“ со „Победа“

На 59. „Евровизија“ веќе одбраната македонска претставничка Тијана Дапчевиќ ќе настапува со песна насловена како „Победа“.

– Насловот на песната е „Победа“ и секако дека типувам „Евровизија“ следната година да ја донесам тука – открива Тијана за „Вечер“.

Пејачката, а од неодамна и актерка, открива дека изборот паднал на брза, динамична песна.

– Мислам дека сум на добар пат кога е во прашање изборот на евровизиската песна, веќе ја имам и одбрано. Знам со сигурност дека ќе се пее на македонски, македонски е авторот и ќе има многу добра журка на сцената во Копенхаген. Песната ќе биде динамична за да ја следни мојата енергија, можам и балада да отпеам, но не е тоа тоа – вели таа и додава дека иако ќе пее на нејзиниот мајчин јазик смета дека ќе допре до европската публика затоа што музиката нема граници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top