| четврток, 6 декември 2018 |

Убил човек и играл видео-игри

убиец17 годишник во Болтон, Англија, убил човек на улица со само еден удар и заминало кај другарот да игра компјутерски игри. Момчето го нападнал 43 годишниот несреќник удирајќи го во лице, по што тој паднал и добил смртоносна фрактура на черепот.

Убиецот нималку не се каел за тоа што го направил, а кога некое друго момче се понудило да му помогнат на човекот, тој му рекол да го остават бидејќи истиот го заслужил тоа и заминал кај пријателот да играат компјутерски игри, пренесуваат британските медиуми. Според нив, ова е трет физички напад на момчето само оваа недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top