| четврток, 6 декември 2018 |

Мохамед Али на умирање

-Не знам дали тој ќе го преживее летото. Се е во Божји раце, вели Рахман Али, брат на Мохамед Али

Легендарниот американски боксер Мохамед Али е тешко болен, а според британските медиуми неговите најблиски се плашат дека наскоро некогашниот шампион во тешка категорија да почине.

Братот на Мохамед Али, Рахмaн Али рекол дека 71-годишниот шампион, Мухамед Али може да почине “за неколку денови или неколку месеци “.

-Не знам дали тој ќе го преживее летото. Се е во Божји раце- додал Рахмaн Али.

mohamed aliДвајцата браќа боксери се родени као Касиус и Рудолф Клеј, но потоа ја преземаат муслиманската вера и ги менуваат имињата.

Касиус Клеј/ Мохамед Али долго време боледува од Паркинсонова болест, од 1984 година, а сега веќе не бил во состојба да зборува и да препознава.

„Најголемиот“, како што го викаа, последен јавен настап имаше на отворањето на летната Олимпијада во Лондон. Видно ослабен и изнемоштен, сепак беше дел од церемонијата на носење на Олимпиското знаме, поддржувам од сопругата Лони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top