| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Нортон, боксерот што му ја скрши вилицата на Али

Почина поранешниот светски шампион во тешка категорија Кен Нортон, боксерот кој во 1973. година го победи Мухамед Али.

Боксерската легенда почина во болница во Аризона на 70-годишна возраст.

Нортон последните години бил во тешка здравствена состојба, а имал и неколку мозочни удари.

Најславниот момент во неговата кариера бил во март 1973. кога го победил големиот Мухамед Али при тоа кршејќи му ја вилицата. Со оваа победа стана вториот боксер кој излегол како победник против еден од најдобрите спортисти. Во рингот против Али влегол уште два пати, но бил поразен.

Неговата кариера ја завршил со 42 победи, 7 порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top