Мафијата планира да го убие Папата Франциск, предупредуваат од италијанското обвинителство. Според нив причината е неговата беспоштедна борба против криминалот.
Според обвинителот на Калабрија, Никола Гратерија, со изјавите папата создал особена нервоза меѓу криминалните групи, но и кај поединци кои во Ватикан се обвинети за незаконско работење.
-Штом дојде на должност, го смени првиот челник на Ватиканска банка Готи тедесчи, а потоа го натера и кардиналот Бертонео да се повлече во пензија заради сомневања дека бил замешан во корупција. Папата со тоа се доведе во опасност. Сепак, – додава обвинителот- Папата има такво обезбедување што веројатно мафијашпките планови нема да се остварат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.