Според ВМРО-ДПМНЕ тоа што СДСМ се обидува да го прави на тема образование е повеќе популизам отколку засновани и реални мерки, кои што можат да го унапредат образовниот систем.
Антонио Милошевски потенцираше дека кога СДСМ ја водеше државата образованието беше поскапо, понедеостапно и понеефикасно за учениците и студентите, што го става под знак прашалник нивниот кредибилитет по однос на самото образование.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес СДСМ предложи некој мерки што според нив би го подобриле образованието, а истите нивни предлози гледаме дека се составени само од 5-6 реченици.
За разлика од СДСМ ние како одговорна политичка структура нашите идеи во образованието ги имаме не само елаборирано, туку спроведено и на дело. Она што ние сме го покажале не биле празни зборови кои што можат да се опфатат во 5 минутна прес конференција, туку 6-7 годишна програма која што има свои резултати.
Очигледно СДСМ во немоќ да смисли реален и одржлив образовен концепт се обидува на еден ефтин начин да се додвори на одредени групи во образованието, нудејќи навидум лесни решенија.
Сакаме да препорачаме дека ова е погрешниот пат во образованието и ова нема да донесе нов квалитет. Она што денес на еден популистички начин го истакнаа беше мерката за укинување на еден метод екстерно тестирање.
Сметаме дека ваквата мерка екстерно тестирање е мерка која што помага во образованието во спротивно не би ја имале околу 25 земји во европскиот контитент. Не е решение на една прес конференција да се предложи мерка за укинување на екстерното тестирање, туку решение да се предложат мерки за унапредување и усовршување на овој инструмент бидејќи истиот нуди поголем натпревар поголема контрола и ги намалува можностите за притисоци и нереално оценување на учениците во образовниот систем.
За да биде иронијата поголема следната мерка која што ја предлага партијата на г-динот Заев и неговиот колега Атанасов е поголема грижа за наставниците. Токму со укинувањето на екстерното текстирање, сметаме ние дека тоа ќе биде на штета на наставниците бидејќи ќе се зголемат можностите за притисоци врз наставниците при нивното реално и објективно оценување на учениците преку наставниот процес.
Ако Заев и Атанасов на овој начин сметаат дека ќе им помогнат на наставниците сметаме дека само се обидуваат на еден ефтин начин да ги манипулираат. Врв на цинизам и потценување е дека ќе се грижат за наставниците, а не им кажуваат како, на кој начин, немаат рокови, нема законски решенија, нема подзаконски решенија, предлог мерки и систем како тоа би се спровело.
Грижата кон наставниците се прави со дела, а не со прес конференции. Како дел од соработката со СОНК договорена е динамика за продолжување на процесот на трансформација на работниот однос за наставниците и она што ВМРО–ДПМНЕ го направи со дела е што голем број наставници кој што беа ставени во незавидна ситуација и имаа работно време определено и ограничено и беа во неизвесност на секој 6 месеци го реши статусот на 6267 наставници кој од привремено вработени добија решенија за неопределено трајно вработување за да можат преку својата сигурност од работниот однос да бидат посигурни и како наставници и во образовниот процес.
Околу платите на наставниот кадар доволно е да посочиме дека во време на СДСМ тие беа замрзнати, а од моментот кога одговорноста ја превзеде владата на ВМРО–ДПМНЕ платите на наставниот кадар се зголемени за нешто близу до 40 проценти.
Грижата за образованието се покажува и преку грижата за училиштата и нивната изградба. Од 2006 година досега изградени се вкупно 41 ново основно училиште, додека 4 се во тек на изградба. Тоа значи вкупно 45 нови објекти за основни училишта е едно од многуте дела што значат грижа за образованието.
Средни училишта од 2006 година до овој момент ново изградени има 3 средни училишта, додека 3 се во тек на изградба, што значи вкупно 6 нови средни училишта. Она што посебно сакам да го споменам и што е дел од образовниот процес што беше запоставен во времето на СДСМ е спортот како дел од образованието и воспитанието на секој ученик. Изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали значи конкретна и директна подршка за образовниот систем. Скоро и да нема општина во Република Македонија каде што не се изгради ваков училишен спортски објект и со тоа се овозможи дополнително и поквалитетно образование за сите ученици.
СДСМ како реформа се обидуваат да го преставaт воведувањето на задолжително пред училишно образование од 4 до 6 годишна возраст и оваа мерка ја преставуваа како повеќе наменска цел, но не кажуваат кои се повеќе наменските цели. Очигледно СДСМ закаснил со оваа мерка, бидејќи програмата за пред училишно образование на предлог на Бирото за развој на образованието е веќе изготвена и ќе биде наскоро донесена.
Дополнително би сакале да ги информираме дека имаат и неточни податоци и дека 11% опфат на децата во оваа возраст на пред училишно образование им е застарен, затоа што тоа е бројката на процентот во време кога СДСМ беше на власт. Денеска процентот на ученици во пред училишна возраст е 22% и овој процент очекуваме и во иднина да расте.
Тоа што е направено дополнително за образованието и што може да служи како споредба на кредибилитетот на ставовите на едната и на другата партија, може да биде и проектот за бесплатни учебници. За прв пат во Република Македонија и во нашето образование се воведуваат бесплатни учебници со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. За разлика СДСМ кој што оделуваше многу малце средства за оваа намена.
Воведовме и задолжителнои бесплатно средно образование. Затоа што сметаме дека средното образование дава најголема можност за секој понатаму во својот живот да биде по компетентен. Воведен е и бесплатен превоз за учениците, воведен е англиски јазик од прво одделение задолжително изучување, втор странски јазик, предмет етика, воведено е од прво одделение предмет информатика.
Преведени се 1000 наслови на кои се учи во најдобрите универзитети во светот и сето тоа е направено со цел да се зголеми квалитетот на образованите.
За 60% е зголемен буџетот за македонското образование во споредба 2010 година со 2005 година. Значи во времето на СДСМ за образованието биле одвојувани 200 милиони евра годишно, додека во 2010 година за образование се одвоени 318 милиони евра. Ова можеби е најкарактеристичната и наједноставната но сепак наубедливата споредба за тоа кој колку внимание посветувал на македонското образование.
За три пати се зголемени средствата за капитални инвестиции во образованието. Двократно е зголемен износот за финансирање на научно истражувачки проекти. 300 илјади денари во 2005 година на 600 илјади денари по единица проект за научно истражувачка дејност во 2010 година. Воведен е систем на 9 годишно основно образование воведен е предметот етика на религиите и во рамки на проектот компјутер за секое дете обезбедени се и распределени 50000 клупи и 100.000 столчиња во основните и средните училишта.
Она што дополнително треба да се истакне е што е намалена партиципацијата за студентите на универзитетите и факултетите во Република Македонија. На високо образовните институции таа партиципација е 200 евра во државна квота односно 400 евра во квотата за ко-финансирање, како и 100 евра за дисперзираните студии. Тоа е споредбата, за разлика од скапото високо образование во 2004 и 2005 година кога СДСМ беше одговорен за управувањето на државата.
И на крајот, она што го имаме да го поставиме како прашање до СДСМ, дали сеуште стојат на ставот дека отварањето на Универзитетот во Штип е погрешен чекор, дали ќе го укинат доколку тие прават мерки и програми за образование? Дали отварањето на Универзитетот за информатичко општество во Охрид сеуште го сметаат за погрешен чекор и дали ќе го укинат доколку тие предвидуваат некакви реформи во образованието и дали дисперзираните студии и факултетите во Велес, во Струмица, Кичево и на други места сеуште со потценивање ги гледаат како „селски факултети“ и дали и нив ќе ги укинат како дел од реформата за која што зборуваат?
Тоа се нашите дела и тоа е споредбата со СДСМ и тоа говори за кредибилитетот на политиката во нашето образование.
СДСМ одговори:
Од денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ остана нејасно за кои успешни проекти говори ВМРО-ДПМНЕ во образованието?
ВМРО-ДПМНЕ за успешен проект го смета екстерното тестирање, „реформа“ чие насилно спроведување создаде комплетен хаос во образовниот процес, психолошки и професионални стресови кај наставниците, учениците и родителите?
Дали можеби за проектот компјутер за секое дете за кој се потрошија милиони евра а комјутерите во огромен процент не се ни приклучија и не профункционираа, а многу од нив се или украдени или исчезнати, без притоа да бидат откриени сторителите?
Дали ВМРО-ДПМНЕ сака да се фали со проектот бесплатен учебник? За потсетување, рокот за користење на чебниците владата го продолжи од 3 на 5 години заради немање средства и необмисленост на проектот. Учениците учат од стари, искинати, неупотребливи учебници со што е нарушено достоинството на секој ученик што учи од вакви учебници.
Или последниот реформски бисер предметот математика да биде задолжителен предмет при полагање на матура и за оние кои што ќе се запишат на природни науки?
Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ сакаше да покаже грижа за студентите зошто не ја прифати иницијативата на СДСМ и не дозволи бесплатен превоз за сите редовни студенти што студираат во Скопје?
Ова се само дел од „спектакуларните“ проекти на ВМРО-ДПМНЕ во образованието. Просветните работници, учениците и студентите точно знаат какви трауми доживуваат под притисок на „реформите“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)