| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ трета година по ред ја добива наградата „Златен компир“

Србинот Новак Ѓоковиќ, кој сезоната ја заврши со триумфи на четири турнири по ред, на кои победи на 22 меча по ред, денеска доби уште една награда, по малку необична награда наречена „Златен компир“

dzokovic

Станува збор за признание кое се доделува на играчот кој добил најмногу сетови со резултат 6-0 во текот на сезоната, а кое трета година по ред завршува во рацете на популарниот Ноле. Тој во 2013 година освоил 12 сета без да загуби ниту еден гем, додека зад него се пласираа Давид Ферер (7), Роже Федерер (5) и Томаш Бердих. Условот да се биде во конкуренција за наградата „Златен компир“ е да се биде меѓу осумтте најдобри светски тенисер на крајот од годината или, пак, да се учествува на завршниот мастерс-турнир во Лондон.

Србинот е најдобар и во категоријата „компирчиња“, односно сетови добиени со резултат 6-1, и тоа вкупно 20, четири повеќе од Рафаел Надал.

Наградата „Златен компир“ е востановена во 2004 година, а освен Ѓоковиќ до неа досега дошле Надал, и тоа три пати, Федерер два пати, додека по еднаш признанието во своите раце го имале Ферер, Робин Содерлинг и Гиљермо Корија. Рекордот го држи популарниот Федекс, кој во 2006 година освои дури 18 сета со резултат 6-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top