
Возобновен и сѐ подобар, најголемиот фестивал на забавна музика во Македонија донесе многу незаборавни песни.
Заедно со настапот на Васил Зафирчев како домаќин, наградата за животно дело која му беше доделена на доајенот Љубомир Бранѓолица и 54-члениот оркестарот на Македонската радио-телевизија, „Скопски фестивал“ беше задоволство за гледање.
Вечерта, пак, за ексклузивците на „Горила продукција“ беше и повеќе од успешна.
Како што сите очекуваа, екипата која го создаде евергринот „Готово е“ на „Макфест 2012“ повторно се надмина себеси. Со текст на Игор Џамбазов, музика на Роберт Билбилов и гласот на единствената Тамара Тодевска, песната „Тешко без тебе“ освои награда на реномираниот „Скопски фестивал“.
Иако замина со статуетката за второ место, песната на Џамбазов и Билбилов, со незаборавниот и емотивен настап на Тамара, со сигурност остави белег во историјата на фестивалот.
Високиот стандард на вечерта, кој, дефинитивно, го постави импресивниот настап на Димитар Андоновски, беше тешко да се следи. Реакциите од публиката и салата беа доволна потврда дека и Диме повеќе од заслужено замина награден. Текстот на „Ако ме боли“ го напиша Милан Миланов, а музиката и аранжманот пак се дело на познатиот продуцент Лазар Цветковски, чии песни гарантирано стануваат хит.
Одличниот настап и вокал на Димитар му го донесоа третото место, а македонската сцена доби балада за паметење.
Еден од највпечатливите настапи на вечерта го имаше уште една ексклузивка на „Горила продукција“. Сара Мејс со сопствена мелодија, баш во нејзин уникатен стил, и со текстот на нејзината колешка и пријателка Ива Христовска, беше една од оние кои најмногу го привлекоа вниманието.

Ова беше прв настап за Сара Мејс на „Скопски фестивал“, нејзината „Врне,врне“ го освои шестото место. Нејзиниот настап засега сѐ уште не е на „Јутјуб“.
Ова е настапот на Елена Ристеска и фустанот кој предизвика повеќе реакции од изведбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


