| четврток, 6 декември 2018 |

Тевез му подари дрес на папата

Карлос Тевез во Ватикан се сретна со папата Франциск и му подари дрес

karlos-500

Како што е познато, новиот поглавар на католичката црква потекнува од Аргентина, каде што воедно важеше за голем љубител на фудбалот.

Аргентинскиот фудбалски интернационалец од напаѓачкиот ред на италијанскиот шампион не ја криеше радоста од шансата да го запознае духовниот предводник на католичкиот свет.

„Горд сум што папата е Аргентинец и што е многу скромен човек“, изјави Тевез за официјалната интернет-страница на Старата дама.

Репрезентативецот на „Гаучосите“ приликата ја искористил на папата да му го подари црно-белиот дрес на Јувентус, со неговата бројка, кој го потпишале сите други играчи на популарниот клуб.

Карлос Тевез оваа сезона има запишано 12 настапи за „Бјанконерите“ во Серие А, а постигнал шест погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top