| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките власти осомничија уште еден пар Роми за киднапирање дете

marija

Грчките власти осомничија уште еден ромски пар за киднапирање дете. Овој пат, одземено е четиригодишно девојче од камп во Солун, а „родителите“ се обвинети за киднапирање затоа што ДНК тестовите покажале дека тие не се биолошки родители, соопштија грчките судски органи.

Претходно, во октомври вниманието на светската јавност го привлече русокосата Марија која исто така била земена од грчки Роми. На крај се испостави дека вистинските родители на малата Марија се бугарски Роми кои ја оставиле во Грција.

И во овој случај, лажните родители тврделе дека девојчето им било оставено од вистинските родители затоа што не можеле да се грижат за него. Детето, како и Марија било сместено во дом за деца без родители во Атина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top