Славната актерка Милена Дравиќ, која почина синоќа, неретко зборуваше за тоа колку и недостига сопругот Драган Николиќ.
-Ми недостига, да му се насмевнам, да ми возврати со оној негов поглед и да ми намигне- емотивно изјавила Милена пред неколку месеци.
Драган и Милена важеа за секогаш складен брачен пар, а после смртта на актерот, Милена во секое интервју го споменувала покојниот сопруг, што сведочело за љубов, прекратка за еден живот.
Се запознале на снимање на филмот „Хороскоп“ 1969 година. Милена тогаш била многу популарна, една од најголемите ѕвезди на Југославија, а Гага се уште се борел за свое место под сонцето, тоа му било само 4 филм.
Се венчале 1971 година во пауза на снимањето на драмата „Како се сакаа две будали“.
Постојат некои љубови на кои им е судено да се случат. Токму таква беше љубовта меѓу Милена и Драган, за која зборуваше цела Југославија. Таа вонвременска и необична љубов на двајца колеги инспирираше многумина и беше пример на сите како треба да се сакаат.
Милена и Драган ги раздели смртта после 45 години брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.