| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Дел од проектите на СДСМ веќе реализирани од оваа Влада

zoran-stavreski-740x320-top

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, доцна попладнево ги отфрли предлозите на СДСМ од социјалната сфера што ги изнесе Зоран Заев, оценувајќи ги како необмислени, несериозни, направени без анализи и податоци за начините на финансирање, извести МИА.

– Социјалните мерки што денеска ги презентира Заев се уште една од серијалот брзо склопени предлози и пресметки без главните параметри. СДСМ уште еднаш покажа елементарно непознавање и отсуство на сериозен, аналитички пристап. Она што го предлага е веќе прочитана книга и нешто што ВМРО-ДПМНЕ реално го спроведува изминативе години – рече Ставрески.

Според него, она што го ветува Заев, никогаш не го направил, а ВМРО-ДПМНЕ континуирано го спроведува.

Ставрески посочи дека заминувањето во пензија со 35 години стаж за жени и 40 години за мажи е сосема погрешен, анахрон модел што е одамна напуштен и го нема во ниту една од европските земји.

– Оваа Влада ги зголеми пензиите, ги намали цените на лековите, обезбеди бесплатен градски превоз,…, за пензионерите со ниски пензии обезбеди бесплатно лекување, бањска релаксација,…, рече вицепремиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top