| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец прегазен од дрвокрадци кај Количани

lada niva sumska policija

фото: Канал 5

Дрвокрадци во близина на скопско Количани прегазиле полицаец , кој се обидувал да ги запре, јави дописникот на Канал 5.

Според првичните информации крадците со џип Лада нива намерно го удриле полицаецот на локалниот пат кон Драчево додека полициска патрола вршела проверка на дрвокрадци.

Полицаецот во обид да ги запре бил прегазен и со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата трага по сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top