| четврток, 6 декември 2018 |

Група дрвокрадци биле фатени на дело

drvokradci

Поголема група дрвокрадци се фатени на дело, откако претходно некој ги пријавил дека ќе сечат дрва на териорија на општина Карпош.

Полицијата ги фатила завчера околу 11 часот во Скопје на булевар “Словенија” во близина на касарна „Илинден“. По претходна дојава за вршење бесправна сеча на дрва, приведени се поголема група на лица кои со себе носеле моторни пили за расчистување на теренот, односно вршеле незаконска сеча на шума, која е сопственост на општина Карпош. Лицата се приведени во ПС-Чаир и ПС-Карпош, се работи на целосно раслистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top