| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Опозицијата го нападна Законот за пушење – служел само за полнење буџет

– Не само што сакате да го вметнете законот по скратена постапка, да биде настрана од очите на јавноста, туку и денешниот однос на пратениците и токму вашиот однос, јасно покажува дека ова законско решение треба што поскоро да се донесе. И ова законско решение треба што поскоро да се применува. Зошто? Поради празниот буџет, кој го има Република Македонија – рече пратеникот Менде Диневски од СДСМ, на денешната собраниска расправа за Законот за пушење.

Законот за заштита од пушење е донесен првпат во 1995 година. Крупните измени со кои се воведува ригорозни мерки и санкции во делот на пушењето во објекти, здравствени установи е донесен во 2008 година.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев, кој во ова Собрание жестоко го бранеше ова законско решение, а денес го нема, бега, поднесе законско решение со кое дозволи дополнително ослободување во делот на пушењето цигари. На тоа законско решение потписници беа токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, од Комисијата за здравство – рече Менде Диневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top