| четврток, 6 декември 2018 |

Сампдорија го отпушти тренерот

Калчолигашот Сампдорија му врачи отказ на тренерот Делио Роси, стои во соопштението на официјалната веб-страница на клубот од Џенова

rosi-500

Му се заблагодаруваме на Делио Роси за вложениот труд и за професионалноста која ја демонстрираше додека ја извршуваше тренерската функција и му посакуваме многу среќа во иднина, соопштуваат од Сампдорија.

Екипата привремено ќе ја води Франческо Педоне, тренер на младинскиот тим на Сампдорија, сѐ до назначувањето на наследникот на Роси.

Како главни кандидати за тренерската функција на „сино-белите“ од Џенова италијанските медиуми шпекулираат со имињата на српскиот селектор Синиша Михајловиќ и Чехот Зденек Земан.

Под водство на Роси, Сампдорија по 13 рунди во Серија А се наоѓа во опасната зона на испаѓање, на 18. место со 9 освоени бода.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top