Новак Ѓоковиќ комплетно го надигра лутиот ривал Рафаел Надал во финалето на мастерс купот во Лондон, а поенот во првиот сет што беше еден од решавачките за да поведе со 1-0 ќе конкурира за најубав потег на сезоната.
Од дефанзива со супер лоб, Новак го нападна Надал и со форхенд на мрежа по неколку размени на удари го освои поенот. Акција за супер атракција на шампионот во Лондон. Српскиот ас победи со 6-3, 6-4 и во третото финале на завршните турнири го освои третиот трофеј.
Со пехарот, Ѓоковиќ доби и чек на 1,92 милиони долари, што е максимална награда со оглед дека го освои турнирот без пораз, со скор од 5-0. Надал кој и покрај поразот го задржа врвот на светската ранг-листа, заработи 1,01 милиони долари, а ќе почека на сефте титула на мастерс купот, каде има две финалиња и два порази, по еден од Федерер и синоќешниот од Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


