Дерик Роуз, најдобриот играч на Чикаго булс, беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Кливленд кавалирс со 96-81, кога за 34 минути на паркетот постигна 16 поени, 7 асистенции и 3 скока, но добрата игра ја засени повредата на тетивата доживеана пред крајот на мечот.
Навивачите на Булс веднаш се загрижија за состојбата на нивниот миленик, кој имаше тешка повреда пред една и пол година, но тој уверуваше дека не е ништо страшно.
– Се работи за мало истегнување. Се надевам дека ќе бидам во ред за два-три дена – изјави Роуз по натпреварот.
Резултати од останатите натпревари:
Индијана – Мемфис 95-79
Филаделфија – Сан Антонио 85-109
Бостон – Орландо 120-105
Чикаго – Кливленд 96-81
Хјустон – Торонто 110-104 (две продолженија)
Јута – Денвер 81-100
Портланд – Детроит 109-103
Л.А. Клиперс – Минесота 109:107
Вечерва се играат четири натпревари:
Мајами – Милвоки
Далас – Вашингтон
Голден Стејт – Детроит
Л.А. Лејкерс – Њу Орлеанс
httpv://www.youtube.com/watch?v=LjYMVvnewOI#t=16
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)