| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни си кажа што му лежи на срце

Познатиот холивудски актер, најверојатно, ги дочека неговите пет минути и си кажа сѐ што му лежи на срце.

Претходно Расел Кроу го нарече Клуни дека е продадена душа и дека си замислува дека е новиот Френк Синатра.

– Расел по навредите ми прати книга со поезија како знак на извинување – рече Клуни кој дододе дека не му бил само тој мета на Кроу, покрај него се нашле и Роберт Ретфорд и Роберт де Ниро.

– Што се замислува, кој е тој да критикува? – вели Клуни.

За Леонардо ди Каприо, Клуни вели дека е добро момле, само што има погрешни луѓе околу него, а додека, пак, за неговиот пријател Бред Пит имаше само пофални зборови.

Покрај Пит го пофали и Бил Мареј, а Ештон Качер го нарече твитер-манијак и дека таквите луѓе му одат на нерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top