| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарофили во Алијансата за позитивна Македонија

Alijansa za pozitivna makedonija zikov bucko minco

Ставре Темелковски, член на главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, кој се чуствува како Бугарин, за весникот „Слободен печат“ изјавил дека во оваа партија македонските Бугари ќе најдат простор за политичко дејствување.

Според партијата, ова е дел од нивната стратегија за зацврстување на односите со соседите и за подобрување на правата на малцинставата што не се застапени во Преамбулата на Уставот на Македонија.

„Покрај Бугари, во партијата имаме и Египѓанец, Рубин Земон, како и граѓани што се спознаваат како Хрвати, Руси и Словенци. Македонија има околу 30.000 граѓани од етнички заедници, кои не се споменати во Уставот“, рекол Бучковски.

Сепак, додал тој, 120.000 Бугари, за колку што зборува Божидар Димитров, се граѓани што имаат бугарско државјанство од економски причини.

„Бугарија треба да ни биде најголем сојузник на патот кон ЕУ и кон НАТО“, изјавил Бучковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top