Најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на почетокот на наредната година ќе добие поштенска марка со својот лик, односно неговиот лик ќе се најде на марките од шведската пошта.
– Голема чест е тоа што мојот лик ќе се најде на поштенските марки. Јас лично имам голем број писма на кои има убави поштенски марки, можеби тоа сега ќе се промени – се пошегува фудбалерот на ПСЖ.
Ова не е првпат Ибрахимовиќ да ги помести одредените граници во Шведска бидејќи минатата година во нивниот речник беше додаден зборот „златанер“, кој означува личност што доминира во одредена област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.