| четврток, 6 декември 2018 |

Одобрена екстрадицијата за Мирослав Шиповиќ

miroslav sipovic

Мирослав Шиповиќ, претседателот на Советот на Општина Центар, ќе биде екстрадиран во Македонија, потврдуваат од Одделението за односи со јавноста на Министерството за правда.

Виенските власти го одобриле барањето на македонското Министерство за правда за испорачување на Шиповиќ во Македонија и денеска е отпочната постапката за екстрадиција.

Шиповиќ беше уапсен на виенскиот аеродром откако по него македонското Министерство за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по полициската акција „Претседавач“, а во Македонија во отсуство му е одреден 30-дневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top