| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Бекам номиниран за титулата „сер“

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, новата година би можел да ја почне со нова титула откако неговото име се појави на листата номинирани за титулата „сер“.

Листата на избраници за оваа престижна титула ќе биде завршена на крајот од овој месец.

Извори блиски до кралското семејство велат дека пријателството на Бекам со принцот Вилијам е еден од главните фактори што му донесоа номинација за оваа титула.

Дејвид Бекам во 2003 година ја доби медалјата „ОБЕ“ за неговиот придонес во фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top