Напаѓачот на Пари Сен Жермен Златан Ибрахимовиќ воопшто не се појави на ниту еден од договорените термини за спредба со болното дете од Босна, Хајрудин Камењаш.
Хајрудин кој боледува од неизлечива болест и кому лекарите му предвидуваат уште многу малку живот, имаше последна желба да го запознае Ибрахимовиќ, но бидејќи шведскиот напаѓач одби да дојде во Босна, тој и неговата мајка, и покрај лошата здравствена состојба, заминале за Париз, откако претходно била договорена средба со Ибрахимовиќ преку раководството на ПСЖ.
– ПСЖ испрати возач за нас и ни обезбеди места во ВИП ложата. На аеродромот во Париз не пречека возач и не одведе на натпревар на ПСЖ со Лорен (на 1 ноември). Но, Златан не играше, ни рекоа поради повреда. Потоа на полувреме не известија дека не е ниту на трибини. Го бараа од клубот, но не се јавуваше. Ни ветија од клубот дека следниот ден ќе ни обезбедат средба со Златан. Вечерта добивме порака да дојдеме на утринскиот тренинг во 9.30. Дојдовме. Играчите почнаа да доаѓаат и да си одат но Златан го немаше. Рекоа дека бил на физиотерапевт. Тогаш ни рекоа дека ќе стигне до 14 часот. Во меѓувреме шетавме низ Париз. Хајрудин беше се поуморен, но сакаше да го види Златан. Сепак, од средбата немаше ништо. Се вративме во хотел. Вечерта дознавме дека Ибрахимовиќ бил на тенискиот натпревар меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Бевме огорчени. Ние го чекавме,а тој гледал тенис, изјавила Теа Рекиќ, жената која му ја договори средбата на болното момче.
За да не го „скрши“, мајката му кажала на Хајрудин дека Златан бил повреден и дека бил во болница и поради тоа не можел да дојде.
– Плачевме и се прашувавме дали е можно Златан да не сака да го види?, прашува Теа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.