Во денешните натпревари од 13. коло од шпанската Примера дивизија, Атлетико Мадрид не успеа да победи на гостински терен кај екипата на Вилјареал и одигра само 1-1. Поведе Атлетико со автоголот на Марио уште во втората минута. Избраниците на Диего Симеоне не искористија ниедна своја шанса за зголемување на водството и дозволија екипата на Вилјареал да го израмни резултатот, исто така, преку автогол, овој пат од страна на Атлетико, поточно од Хуанфран во 79. минута. До крајот на мечот иницијативата на гостите од Мадрид беше јалова, па со овој освоен бод останаа на второто место на табелата, но со три бода заостанување зад лидерот Барселона, која има 37 бода.
Тимот од Барселона денеска имаше лесна задача против тимот на Бетис, кој е последен на табелата и е најсериозен кандидат за напуштање на лигата. Барселона лесно победи со 4-1. Во првиот дел најдобриот играч на светот Лионел Меси беше заменет во 22. минута и да се надеваме дека не се работи за посериозна повреда и нема да отсуствува подолго од фудбалските терени. Оваа замена не ги поремети играчите на Барселона, која преку Нејмар во 35. минута и две минути подоцна преку Педро замина на одмор. Во вториот дел Барселона продолжи со нападите кон голот на противникот, со што резултираше со двата гола на Фабрегас во 63. и 79. минута. Почесниот погодок за домаќините го постигна Молина во судиското продолжение од пенал.
Во другите два натпревари од денешната програма Валенисија одигра нерешено (2-2) на „Месталја“ со Валјадолид, а Еспањол загуби на свој терен од Севилја со 1-3.
Бетис-Барселона 1-4
Real Betis 1-4 Barcelona All Goals by all-goals
Вилјареал-Атлетико Мадрид 1-1
Villarreal 1-1 Atletico Madrid (All Goals) 10… by ourmatch
Валенсија-Валјадолид 2-2
Valencia 2-2 Valladolid All Goals by all-goals
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



