| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со победа за уште едно „шлагер“ финале

djokovic

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа над швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка од 2-0 во сетови се пласираше во финалето на завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон. Тој лесно во два сета 6-3, 6-3 го најави новиот меч во финалето против вечниот ривал Рафаел Надал кој претходно го победи Роже Федерер исто така со 2-0 во сетови.
Мечот се игра утре 21.00 часот и во случај да победи србинот тоа ќе му биде трета титула во О2 арената во Лондон. Додека ако победи Надал тоа ќе му биде прв историски трофеј од турнирот во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top