Две лица се ранети денеска при вооружен иницидент во селото Метикоши во близината на српскиот град Краљево.
Инцидентот започнал кога извесен пензионер Драгомир М. стрелал со пиштол врз доставувач на храна од еден ресторан во Краљево, ранувајќи го во пределот на ногата.
Нападот бил пријавен во полицијата и кога полициската патрола стигнала пред домот на Драгомир, тој одбил да се предаде, се забарикадирал во куќата и отворил оган од автоматска пушка кон полицајците. При нападот е ранет еден полицаец, кој веднаш е пренесен во Здравствениот центар во Краљево.
Како што јави Танјуг, причините за првиот напад на Драгомир врз доставувачот на храна од рестортанот „Лепи Боро“ не се познати.
Сопственикот на ресторанот Боривоје Шакотиќ изјави дека неговиот вработен при доставувањето на храната на напаѓачот, во неговата куќа забелиежал неподвижно тело, но ваквите информации засега не се официјално потврдени.
Според болнички извори, ранетиот доставувач на храна е вон животна опасниост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


