| четврток, 6 декември 2018 |

Кабинетот на Претседателот: СДСМ манипулира или не ги знае законите

6339malaОчигледно е дека СДСМ со последното соопштение сака да манипулира со јавноста. Не сакаме да веруваме дека станува збор за непознавање на нормативата и практиката на владеењето на правото во нашата земја, туку за злоупотреба на случајот Кежаровски за дневно-политички поени.

„Во Република Македонија постои јасна постапка за помилување и таа се почитува. А, доколку навистина СДСМ, како сериозна политичка партија недоволно ги познава и разбира правните регулативи во нашата земја, тогаш ги упатуваме на консултација со нивниот поранешен лидер, воедно поранешен претседател на РМ, да им објасни, како функционирале работите во вакви случаеви порано и зошто се направени измените на Законот за помилување“, се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top