| четврток, 6 декември 2018 |

Си ги заковал тестисите на Денот на руската полиција (Видео)

pavlenski_612639S1Рускиот уметник Пјотр Павленски денеска со клинци ги закова своите тестиси за калдрмата на московскиот Црвен плоштад, во знак на протест поради „апатијата во руското општетсво“.
Павленски се реши на ваквиот потег по повод Денот на руската полиција, кој се одбележува на 10 ноември.
Уметникот стоел прикован за калдрмата околу час и половина, по што е пренесен во болница. Според полциски најави, по отпуштањето во болница, Павленски ќе биде „однесен во полиција“.
Павлински изјави дека ваквиот негов потег треба да се сфати како „метафора на апатијата, политичката индиферентност и фатализмот на современото руско општество“.
Ова не е прва протесна акција на Павленски. Лани тој си ја заши устата во знак на поддршка на членките на панк групата  „Пуси Рајот“, а пред неколку месеци се обвитка со бодликава жица пред локалниот Парламент на Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top