| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколна забава во Хјустон- двајца гости убиени, 22 ранети

Americka-policija

Во пукотница што се случила за време на домашна забава во предградието на Хјустон биле убиени двајца гости, а најмалку 22 се ранети, соопшти тамошната полиција.

За време на инцидентот што се случил околу 23 часот по локално време, во куќата имало околу 100 луѓе, во главно млади, кои почнале панично да бегаат кога се слушнале истрелите.

Полицијата трага по двајца осомничени. Една од жртвите починала на лице место, а другата во болница. Меѓу другите повредени има и во критична состојба.

Мотивите за нападот не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top