Нашиот Перо Антиќ и Атланта Хоукс ноќеска ја извојуваа третата победа сезонава. „Јастребите“ ги добија „магичните“ од Орландо со 104-94, а дури шестмина од тимот на Антиќ постигнаа двоцифрен број поени.
Антиќ за 18 минути поминати на паркетот постигна 2 поени, имаше 1 скок и две асистенции. Нашиот поранешен капитен на репрезентацијата погоди еднаш од четири обиди од поле и три неуспешни обиди за три поени.
Атланта во досегашниот тек на првенството има три победи и три порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.