| четврток, 6 декември 2018 |

Кикс на Борусија, Баерн се одлепи на плус четири (видео)

Baern

Во 12 коло од германската „Бундес“ лига која започна вчера со натправарот Хановер-Браунгшвајг (0-0) денеска на пет натпревари беа постигнати дури 23 гола.
Борусија Дортмунд на гостувањето кај Волфсбург беше непријатно изненадена и поразена со 2-1. Во првиот дел поведе Борусија со голот на Марко Ројс во дополнителните минути од првиот дел. Во второто полувреме сосема нова слика на теренот. Домашната екипа со целосен пресврт докажа дека не е тим за потценување и преку Родригез и Олиќ во 56 и 69 минута дојдоа до трите бода. Со овој пораз Борусија остана на 28 бода и сега заостанува четири бода во однос на лидерот на табелата Баерн Минхен.
Баерн рутински со три гола во мрежата на Аугсбург дојде до трите бода за зацрвстување на врвот на табелата. Головите за Баерн ги постигнаа Боатенг и Рибери во првото полувреме во 4 и 42 минута, додека Милер во судиското продолжение од мечот од пенал ги постигна конечните 3-0.
Вистинска голеада се случи во Леверкузен. Домашниот тим Баер со 5-3 ја победи екипата на Хамбургер. Со оваа значајна победа Баер ја достигна екипата на Борусија на табелата и сега го делат второто место.
Шалке со целосен пресврт во второто полувреме против Вердер успеа да ги освои трите бода благодарејќи на двата гола на Боатенг и Фарфан. Во првиот дел стрелец за Вердер беше Крос.

Во Леверкузен вистинска голеда. Баер му даде пет гола на Хамбургер и со новите три бода се искачи на делба на второто место заедно со Борусија.

Хофенхајм и Херта одиграа со резултат 2-3.
Денеска уште се игра мечот Борусија Менхенгладбах-Нинберг.

Баерн Минхен-Аугсбург 3-0

Вофлсбург-Борусија Дорумунд 2-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top