| четврток, 6 декември 2018 |

Сандра Булог: Не можам да бидам во врска со Клуни, многу сме слични

sandra bulog

Актерката Сандра Булог во изјава за „Мирор“ вели дека никогаш не би можела да биде во врска со Џорџ Клуни, кој е нејзин партнер во новиот научно-фантастичен трилер „Гравитација“, затоа што тие двајца се премногу слични по карактер.

– Ние веројатно сме единствените личности од спротивен пол во Холивуд кои јикогаш не излегле заедно на љубовен состанок. Тоа е затоа што ние сме премногу слични, изјави Булог.

Таа неведува дека еднаш поради Клуни морала да скокне во базен и го уништила својот свечен фустан.

– Често ми вели да го заборавам тој настан што се случи во 1996 година, но, знам дека всушност се плаши дека еден ден ќе му вратам за тоа, истакнува Булог.

Во „Гравитација“ Сандра Булог ја толкува улогата на доктор Стоун, која се наоѓа на својата прва вселенска мисија, додека Клуни го игра искусниот астронаут Мет Ковалски, кому тоа му е последен лет во Вселената.

Шоубиз медиумите оценуваат дека за улогата на доктор Сотун, Сандра Булог би можела да го добие својот втор Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top