| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ реагира: Откако Трајче Заев го зголемил уделот нема добиено ниту еден тендер

sdsmСДСМ реагираше на Натписот објавен од Нетпрес за тоа колку пари заработиле Заеви. Од партијата велат дека продолжуваат очајните и неуспешни обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку блиските медиуми, повторно да се обидат да докажат некаква незаконитост во работењето на фирмите на семејството Заеви и во  доделувањето тендери во Општина Струмица.

-Порталот Нетпрес објавува дека Трајче Заев, првиот братучед на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, како малцински акционер кој поседувал само 12 отсто акции во АДГ Пелагонија, имал одлучувачко влијание како и на кој начин фирмата стопанисува, конкурира и добива или не добива тендери. Акционери со вака мал удел во вкупната сопственост не можат да имаат одлучувачко влијание во работењето на фирмата! Впрочем, дека Трајче Заев бил малцински акционер со само 12 проценти учество го потврдува и самиот Нетпрес. Дополнително, евидентно е дека откако Трајче Заев го зголемил уделот во фирмата, истата нема добиено ниту еден тендер. Со овие факти паѓаат во вода конструкциите и манипулациите на провладините медиуми – велат од партијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top